Христијан Мицкоски, најнеуспешниот директор на ЕЛЕМ, советникот за енергетика на Груевски, повторно покажа дека нема познавање од енергетика.
Мицкоски, во чие време струјата поскапе за 100 проценти и се купуваше по цена 3-4 пати повисока од пазарната, шири невистини, наведувајќи бројки што немаат врска со реалноста, и се обидува да ја манипулира јавноста.
ЕСМ ги продава ноќните вишоци на електрична енергија транспарентно на аукција, по конкурентни цени диктирани од берза, а може да ги купи секоја заинтересирана компанија или институција.
Токму со овие продажби ЕСМ обезбедува приход во буџетот за граѓаните.
Граѓаните би биле оштетени ако вишоците не се продаваат, бидејќи во тој случај треба да се пуштат во системот без надомест.
Ова Мицкоски како експерт по енергетика би требало да го знае, но тој останува на своите деструкции и кочи, блокира и одмага, наместо да им помогне на граѓаните и на државата