fbpx

ВМРО-ДПМНЕ лаже, зборува за загадувањето кое стана енормно токму за нивното владеење, денес се преземаат мерки за почист воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ денеска повотрно лаже. Аерозагадувањето стана енормно во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и дополнително ја влошуваа состојбата со сечење на дрвата и пренаменување на зелените површини во градби.

Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за чист воздух кога токму оваа партија со своето криминално владеење го поттикнуваше загадувањето

Денес, СДСМ како одговорна партија спроведува низа мерки за справување со аерозагадувањето. Оформени се дополнителни тимови за затворање на проблематиката за огнови на јавни места и палење на шумите, во тек е субвенционирање на 10.000 семејства, кои се греат на дрва или други нееколошки енергенси, со 1.000 евра за купување инвертор клима уред.

Истовремено забрзано се работи на гасификацијата и тоа на двата главни коридори Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола и Скопје-Тетово-Гостивар, сите општини и Градот Скопје изработуваат главни проекти за моделот на гасификацијата.

Во план е и електричен трамвај во Скопје и набавка на автобуси на гас, адаптирање на системите за греење и приклучок на гас во повеќе болници, меѓу кои болницата во Чаир и во Куманово, во затворот Скопје, како и во студентските домови.

Дополнително многу инвестиции се насочени кон обновливи извори на енергија, а постојано се подигаат нови зелени површини

За разлика од игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди постојаност и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период.

Последни вести