Соопштение за јавност
Ковачевски: “Парламентарната група на СДСМ ќе постапи достоинствено и државнички како и во изминатите 31 година во државата, парламентарната група на СДСМ заедно со коалиционите партнери е таа која што ги донела сите значајни, веќе кажав тешки, но далекугледи одлуки за државата.
Влагодарение на пратеничката група на СДСМ и на коалиционите партнери ние денес сме членка на НАТО и благодарение на парламентарната група на СДСМ и коалиционите партнери ние денес имаме опточнати преговори со ЕУ, со веќе дефинирана преговарачка структура и со првиот состанок веќе одржана на 19-ти и со деталните состаноци кои што започнуваат на 15 септември, односно за 6 дена од денес.
Така ќе постапат и при било кое гласање во парламентот, за разлика од други пратенички групи кои што никогаш не поддржале ниту една стратешка одлука на државата и тоа што не поддржале ниту една стратешка одлука на државата не им дава за право да бараат донесување на одлуки кои што ќе го закочат патот на државата кон ЕУ, затоа зошто сега при отпочнати преговори колку брзо ќе се движиме зависи од сите нас, така ќе се однесува пратеничката група на СДСМ, значи како и до сега државнички, во интерес на граѓаните.“