Соопштение за јавност
За неполни 2 и пол години успеавме преку конкретни мерки да ги намалиме трошоците на граѓаните и да обезбедиме повеќе пари за секое семејство. Ја укинавме радиодифузната такста, ја вративме евтината тарифа на струја, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто, донесовме закон за стечајци и го решивме нивниот проблем, нашите реформи и политики се на прав пат, порача потпретседателот Спасовски пред огромниот број присутни граѓани и граѓанки на Кавадарци.
Спасовски се осврна и на растот на платите.
Ја зголемивме минималната плата. Кога дојдовме на власт, минималната плата реално изнесуваше 9.000 денари, денес платата е 12.500 денари, а од 1ви јануари минималната плата ќе биде 14.500 денари. Ја зголемивме и просечната плата за 2.000 денари. Официјалните податоци се доказ дека нашите реформи даваат вистински придобивки за граѓаните, заклучи Спасовски.