Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ преку одговорно и домаќинско работење покажа и докажа дека води вистинска грижа за земјоделците.
195 милиони денари се исплатија во два дена за дополнителната субвенција од 5 денари за килограм предадена оризова арпа и за субвенцијата за предадено млеко, пари коишто директно легнаа на сметките на вкупно 7.872 земјоделци.
Се донесе нов модел за повисоки субвенции за тутунарите во три нивоа. Субвенцијата за прва класа е 80 денари, за втора 70 денари за трета и останатите класи 60 денари за килограм. Сите субвенции за тутунот од реколта 2018 се исплатени, или вкупно 28 милиони евра. Последните две години се постигна највисока откупна цена на тутунот, односно за реколта 2017 цената беше 217,6 денари, а за реколта 2018 откупната цена беше 214,2 денари за килограм.
Владата предводена од СДСМ, покрај тековните аграрни мерки решаваше и наследените долгови кон лозарите што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон нив за предаденото грозје во 2014 и 2016 година во вредност од над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Претходно, се исплатија 9 милиони евра за основната субвенција за одржување на лозови насади и над 1 милион евра легнаа на сметките на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.
СДСМ и Владата која ја предводи е вистински пример како се цени и вреднува трудот на земјоделецот. Земјоделството е на правиот пат!