fbpx

На прав пат сме, се реновираат Офицерскиот дом и градскиот стадион во Битола

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Жаклина Наумовска – советник во Општина Битола и секретар на ОО СДСМ Битола

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Деновиве, во радиус од нецели 2 километри, има четири активни градилишта на кои граѓаните секојдневно се сведоци. Се реновира Офицерскиот Дом, откако постапката за истиот законски беше испочитувана. Иако претходната власт го стави на продажба, едно од најглавните ветувања кое го дадовме пред битолчани го остваривме- Офицерскиот дом не само што ќе остане на битолчани, туку тој ќе го врати стариот лик!

 

Се гради нов детски парк во градскиот парк на познатото битолско шеталиште. Изградбата на паркот се реализира од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион во соработка со Општина Битола.

Градскиот стадион под Тумбе Кафе веќе го добива својот лик. Градежните работи и изградбата на северната трибина се во напредна фаза на реализација. Ветивме дека ќе го вратиме сјајот на спортска Битола и работиме во таа насока!

На крај, улицата Крушевска Република, веднаш до Тумбе кафе, се реконструира и со тоа Градскиот парк и битолското Шеталиште го добиваат својот градски сјај.

Ова е само дел од она што оваа локална власт го прави за Битола, за таа повторно да биде истата конзулска Битола од минатото!

На прав пат сме!

 

 

Последни вести