fbpx

Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Осми ден трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за евентуалната позврзаност на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот директор и поранешен шеф на кабинетот на Мицкоски, Златко Перински со денови меѓусебно се обвинуваа за наводни криминали за тендерот од 136 милиони евра.

За сето тоа време, Мицкоски молчи и не одговара на јавно поставените прашања за негова наводна поврзаност.

Јавноста периодов сведочи на кулминација на внатрешните превирања и корупциски скандали вредни над 136 милиони евра со заеднички именител – пари.

Тоа е тендерската матрица на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не се грижи за интересите на граѓаните туку единствено за бизнис интересите на поединци.

Ништо не се менува во белиот дворец.