fbpx

Мицкоски е политичка кукавица и шпицен градоначалник само за бизниси и пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

На изборите во 2020 година Христијан Мицкоски побегна од листите, не беше носител во ниту една изборна единица. Кукавички, самиот се прогласи за шпицен кандидатат, а го смести Александар Николовски да го крепи изборниот пораз.

Две години подоцна, од шпицен кандидат, Мицкоски стана шпицен градоначалник на сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и тоа само за да контролира бизниси и влијанија или со нивниот речник кажано, да ги брца рацете во медот.

Несигурен во себе и во своите пратеници, ги присилуваше дури да потпишат незаконски нотарски изјави дека ќе му бидат верни.

За Мицкоски никогаш не бил важен интересот на граѓаните, тој секогаш ги гледал своите лични и бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

И тоа е она што денеска граѓаните го гледаат. Тоа е вистинското лице на Христијан Мицкоски кој е уплашен за својата фотелја во белиот дворец.

Мицкоски е ист како и неговиот ментор и претходник, Никола Груевски.