Во време на сериозна економска и енергетска криза наставата на учениците не смее да трпи, а училиштата не смеат да се затвораат.
Тоа е особено важно откако две учебни години поминаа во комбинирана модел на настава или настава од далечина.
Државата е подготвена и има капацитет да помогне, но општините се тие кои мора да ги редефинираат приоритетите, со цел да обезбедат непречено одвивање на наставниот процес.
Преку домаќински, одговорен пристап, општините да се постават за интересите на учениците, наставниците и образовниот процес.
Во време на глобална економска и енергетска криза, важно е одговорното управување со финансиите, општините да ги искористат сите свои капацитети за да обезбедат нормално функционирање на наставата во зимскиот период.