Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокираа Законот за заем од Светска банка за поврзување на локалните патишта, за по изборите и по преземањето на голем број општини од ВМРО-ДПМНЕ истите пратеници притискаа тој да се донесе што побрзо.
Тоа е уште еден доказ за лицемерието на партијата предводена од Христијан Мицкоски, на која важни и се само интересите на партиското раководство.
За пет години, во инфраструктурата СДСМ направи многу повеќе од ВМРО-ДПМНЕ за 11 години, период кога парите се трошеа на промашени проекти и провизии од тендери.
Од 2017 година па досега, изградени или реконструирани се над 1.000 километри патишта во вкупна вредност од над една милијарда евра.
Покрај автопати, во периодов интензивно се градат и реконструираат магистрални, експресни и локални патишта ширум државата. Тоа е разликата помеѓу расипничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на СДСМ.