fbpx

СДСМ се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ целосно се оградува од објавата на Фејсбук страницата на локалната организација во Арачиново.

Станува збор за злоупотребата на страницата спротивна со вредностите и политиките на СДСМ за што ќе следи целосно расчистување на случајот и одговорност.

Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија.

По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за што сите ние сме особено горди.

Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски.

Последни вести