Соопштение за јавност
Секогаш е убаво кога си дома. А кога си дома на прав пат си! – со оваа порака ги поздрави претседателот на комисијата за надворешни работи, Едмонд Адеми своите сограѓани тетовчани на синоќешната трибина „На прав пат“.
Младите се локомотива на секое општество и вечерва гледам многу млади волни за победа. Во нив гледам сигурност, самодоверба и храброст да останеме на прав пат.- истакна Адеми.
Тој посочи дека секој друг избор би бил само ќор сокак, дека доволно е само да се спореди каде бевме заглавени 11 години, а каде сме денес по само две години.
Младинската картичка со која над 30 000 млади од 15 -29 години имаат бројни попусти во многу дејности, проектите за младите земјоделци со кои над 400 млади земјоделци добија поддршка во опрема, Гаранцијта за млади се само се дел од мерките коишто ги превзеде Владата предводена од СДСМ со цел поддршка и обезбедување на услови и можности младите да останат во својата земја.-посочи Адеми.
Како потврда дека сме на правиот пат Адеми го посочи и достигнувањето на историски најнискиот процент на невработеност од 17.5 отсто во државата како и вработувањето на 1830 млади лица само минатата година преку мерките кои се реализираа.
На прав пат сме и резултатите тоа го потврдуваат, заклучи Адеми.