Караванот отворени граѓански трибини на СДСМ под мотото „На прав пат“ денеска ќе биде со граѓаните на општина Тетово.
Граѓанската трибина ќе се одржи во Центарот за култура „Иљо Антески -Смок“ во Тетово, со почеток во 20.00 часот.
Свое обраќање на трибината ќе имаат:
– Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска,
– Претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, и
– Портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.