fbpx

Хуманитарен турнир, играме заедно „Млади и солидарни“ за поддршка на млади и деца со попреченост во Кривогаштани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска во Кривогаштани се одржа вториот регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.

Млади од целиот Пелагониски регион играа за хумани цели на спортскиот терен во Кривогаштани и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

Преку спортот, СДММ реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Со хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.

Напреварите во рамки на хуманитарниот турнир продолжуваат и во наредните недели, месец октомври за СДММ е хуман месец. Следниот викенд продолжуваат натпреварите во Струга каде игра Југозападниот регион а потоа и во Маврово Ростуше за Полошкиот регион.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој оноклку колку може.

Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.

Последни вести