Докажаниот криминалец Мицкоски е фатен со рацете во медот, затоа ДПМНЕ фабрикува лаги за Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Докажаниот криминалец Христијан Мицкоски е фатен со рацете во медот за тендер и провизии од 136 милиони евра, додека Димитар Ковачевски чесно работи за граѓаните.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ очајно фабрикува лаги за претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Ниту една фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие фактот дека Ковачевски не е дел од сопственичката структура на компанијата Пиксел Гроуп и не е сопственик.

Сите податоци за повлекувањето на Ковачевски уште на 28.09.2020 година се јавно објавени и достапни.

Дека станува збор за класична фабрикувана лага на ВМРО-ДПМНЕ се гледа од тоа што споменуваат државна помош за компаниите, којашто се однесува на сите компании кои исполниле услови.

Наместо афера ДПМНЕ денеска пласираше издишан балон.

На многу наивен и лош начин Мицкоски покажува колку се плаши од чесниот Ковачевски кој вредно работи за граѓаните.

Особено откако Ковачевски го порази Мицкоски на првото изборно соочување, на предвремените локални избори.