fbpx

Една година локална власт на ДПМНЕ тендерска, партизирани општини на шпицниот градоначалник

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Резултатите по една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се над 50 општини во државата ставени под контрола на шпицниот градоначаник Мицкоски, кавги за тендери, „рацете во медот“, партиски вработувања, поскапување на комуналните услуги, изостанок на нови проекти и застој на започнатите.

Локалната власт на ДПМНЕ тендерска, заборави на интересите на граѓаните и се фокусираше на тендери и провизии, за што и изби нивната јавна кавга, за тендер од 136 милиони евра за пречистителна станица во Скопје.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, наместо пред граѓаните.

Дури и лично Мицкоски е тој кој во име на градоначалници преговара за набавка на автобуси, се меша во тендерите.

Една година општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ стагнираат а за тоа вината е кај шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ покажа дека се уште е истата нерефермирана партија која ги има поклопено општините, ги има партизирано локалните самоуправи и одработува за интересот на Мицкоски, наместо за граѓаните.

Последни вести