Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува намалување на казните за сите сообраќајни прекршоци.
– Продолжуваме со политиките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и помали трошоци. По намалување на казните за правни и физички лица, задоволство ми е што овде во Кичево можам да најавам дека во следниот период ќе поднесеме предлог за измена на законските одредби со што значително ќе се намалат казните за сите сообраќајни прекршоци, порача Спасовски пред присутните.