fbpx

Ковачевски: Со крената глава, како Македонци седиме на маса во Брисел и преговараме за членство во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Моите политики се нашите граѓани со крената глава, како Македонци, со чист македонски јазик, со заштитен идентитет да седиме на големата маса во Брисел и да преговараме за полноправно членство во ЕУ и во тоа успеавме, рече во интервју за Телевизија 24 претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

-Тоа успеавме да го направиме, на првата Меѓувладина конференција со ЕУ јас говорев на македонски јазик, исто како што зборував во ОН. Сите законодавства на ЕУ се преведуваат на маекедонски јазик за да се одвива процесот на скринингот кој што веќе започна. Наши тимови, на македонски јазик преговараат со ЕУ, а сите ваши колеги беа сведоци кога бевме во Брисел, кога на сите преведувачки техники беше јасно означен македонскиот јазик. Ние таму бевме Македонци. По мене тоа е најголемиот патриотизам што треба едно лидерство во државата да го направи, рече Ковачевски.

Во пресрет на големиот државен празник, 11 Октомври, Денот на народно-ослободителното востание Ковачевски рече како држава секогаш сме биле на вистинската страна на историјата.

-Ние сме држава која што била на вистинската страна на историјата, и сега сме на вистинската страна на историјата, како што и секогаш сме биле. Низ таа народноослободителна борба ние сме ја изградиле нашата независна држава во која што живееме и денес и од тој пат никогаш немаме отстапено и нема да отстапиме, рече Ковачевски.

Последни вести