fbpx

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ фабрикуваше лаги за мене, заради тендерот од 136 милиони евра и за тоа треба да ми се извини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ за мене фабрикуваше лаги, ме нарекуваа со најпогрдни зборови и денес кога нема ништо спорно, тие треба да ми се извинат за тоа што го прават, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата Анализа 24 на 24 Телевизија.

-За сите фабрикувани лаги од ВМРО-ДПМНЕ треба да ми се извинат. Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ почна канонадата од ВМРО-ДПМНЕ врз мене. Прво беше какво ми било образованието, па потоа дали сум бил пиун на претходниот претседател, пота продолжи дали имам легитимитет, потоа се занимаваа со тоа што ми се случувало мене пред 25 години, па потоа ми споменуваа мртви роднини. Мртви роднини ми споменуваа, мртви деца на мртви роднини за на крајот да фабрикуваат лаги. Затоа што тие беа фатени во афера со 136 милиони евра на местење на тендер. И тоа не го кажав јас не го кажа СДСМ. Тоа беше обвинување од градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје кон директорите и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тие 1 година имаат локална власт во Скопје. “ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски потсети дека во моментот кога станал заменик министер за финансии го повлекол својот удел од компанијата и тоа е нотирано и во неговиот анкетен лист.

Денеска ДКСК соопшти дека нема основа да отвори предмет со што ги демантираше фабрикуваните лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести