fbpx

Ковачевски ја носи земјата кон ЕУ, Мицкоски блокира, има разлика

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ковачевски ја носи земјата кон ЕУ, Мицкоски блокира, има разлика

СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски со државнички и одговорни политики ја носи земјата кон полноправно членство во Европската унија

Со СДСМ иднината на државата е европска, преговoри со ЕУ на големата маса за полноправно членство во унијата како Македонци со заштитен македонски јазик и македонски идентитет.

На европскиот пат мора да се донесат одлуки кои што ќе ги однесат сегашните и идните генерации кон членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобри работни места и повисок животен стандард дома.

Дијаметрално спротивно е деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски. Денес како опозиција и претходно 11 години како власт само декларативно се залага за членство во ЕУ, а од друга страна прави се за блокирање и опструирање на евроинтеграциите.

Мицкоски им го нуди на граѓаните тоа што го претрпеа 11 години, поделби по сите основи, држава скарана со сите соседи, во меѓународна изолација и далеку од преговори за членство во ЕУ.

Разликата е јасна и очигледна. Со СДСМ како државотворна партија, Република Северна Македонија стана полноправен член на НАТО, ги започна преговорите за членство во ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за остварување на стратешките интереси на државата и континуирано кочи и блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата.

Последни вести