fbpx

Мицкоски, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за лагите кои ги фабрикуваа за Ковачевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Со денови ВМРО-ДПМНЕ ја лажеше јавноста и фабрикуваше лаги против претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Секој ден од Белиот дворец се пласираа најдолни лаги.

Тие лаги се демантирани и од Државната комисија за спречување на корупцијата која соопшти дека нема никаков основ и затоа нема да има никаква постапка.

Со ова се потврдува дека измислените афери на ВМРО-ДПМНЕ се единствено со цел да се дефокусира јавноста од криминалниот тендер од 136 милиони евра во Град Скопје, за кој функционерите на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа за вмешаност.

Денес, откако и потона и последната нивна лага, Мицкоски, Лефков, и ВМРО-ДПМНЕ треба да му се извинат на претседателот Ковачевски, а потоа и на јавноста која со денови ја лажеа и манипулираа.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, тоа е криминална партија која своето дејствување го базира на лажни вести и фабрикувани дезинформации затоа што нема никаква понуда за граѓаните.

Последни вести