fbpx

Извештајот на ЕК најмногу критика има за опозицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Позитивниот годишен извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија го препознава напредокот и одржливоста на реформскиот процес и го поздравува почетокот на преговорите со ЕУ со одржувањето на првата Меѓувладина конференција.

ВМРО-ДПМНЕ како антиевропска партија го извртува и критикува извештајот, а извештајот на ЕК ја критикува опозицијата.

Во Извештајот најмногу критика има на сметка на опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нивните блокади во Собранието со јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата.

Од најлошите извештаи на ЕК добиени за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога беа нотирани заробени институции, судски органи, регулаторни тела и медиуми, нарушени меѓуетнички односи, притисоци врз јавната администрација, дојдовме до „добро ниво на подготвеност“.

Благодарение на одговорните државнички политики на СДСМ, Република Северна Македонија по 17 години чекање, конечно заслужено ги започна преговорите за членство во ЕУ.

Разликата помеѓу државничкото, проевропско работење на СДСМ и неодговорното, антидржавно постапување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот партнер Левица е огромна и очигледна.

Последни вести