Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани креативни, професионални, подготвени за тимска работа, високо мотивирани и трудољубиви членови, кои би биле активно вклучени во активностите на повеќе нивоа и сектори на централната партиската организација.
Добредојдени се сите амбициозни луѓе од сите сфери на општественото живење кои имаат желба и иницијатива за создавање на реални политики на партијата, а со тоа и визија за напредна државна политика.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнуваат следните услови:
– да бидат на возраст од 20 до 30 години
– да бидат членови на СДСМ
– да не се во работен однос
– да имаат завршено најмалку средно образование
Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на работните задачи:
– месечен нето надоместок
– можности за учество во активности на повеќе нивоа и сектори на централната партиска организација
– стекнување на нови вештини, знаења, компетенции
Обврски на избраните кандидати:
– уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи
– учество во секојдневната работа во централната партиска организација
– чување на класифицирани и доверливи податоци, стекнати за време на ангажманот
– почитување на интерните протоколи и процедури на партиската организација
Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават и својата кратка биографија (CV и контакт телефон) да ја испратат ја на следниот e-mail: centralasdsm@gmail.com