fbpx

Договорот со Фронтекс на македонски јазик благодарение на заклучоците усвоени во Собраниe

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Од Брисел од седиштето на Европската унија пристигна уште една добра вест.

Советот на ЕУ донесе одлука Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс.

Договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на официјален македонски јазик и тоа е прв документ со ЕУ кој ќе се потпише на македонски јазик со чиста формулација.

За првпат македонскиот јазик во ЕУ ќе биде без фусноти, без дополнителни додавки и забелешки.

Сето ова е благодарение на заклучоците усвоени овде во Собранието од страна на пратениците од мнозинството предводено од СДСМ. Одлука во која не учествуваа ВМРО и Левица.

Како пратеничка група горди сме што дадовме придонес во евроинтегративниот процес и што ги усвоивме заклучоците.

Одлуката на Советот на ЕУ е потврда дека тие заклучоци се почитуваат и се гарант за македонскиот јазик и идентитет.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски тогаш побегнаа, со денови овде во Собранието лажеа и клеветеа, се закануваа и на крајот не гласаа по однос на заклучоците.

Со тоа, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се стави против државните интереси, против македонскиот јазик во ЕУ.

Денес се потврдува дека потонаа лагите на Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека македонскиот јазик ќе се бришел, дека немало да се именува како македонски, дека идентитетот ќе бил загрозен.

Нема никаква асимилација ниту бугаризација со која ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја плашеа јавноста.

Но затоа има признат, заштитен македонски јазик, има напредок во евроинтеграциите преку започнување на процесот на преговори за членство во ЕУ.

Како парламентарно мнозинство остануваме посветени на реформскиот процес важен за евроинтеграциите и напредокот на државата.

Наша цел е заокружување на преговарачкиот процес и полноправно членство во ЕУ до 2030.

По членството во НАТО, ќе ја реализираме и втората стратешка цел, членство во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

Последни вести