Соопштение за јавност
Една година изминува од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ а освен што сакаат да бидат медари, ништо друго не сработеа за граѓаните.
Наместо пред избирачите, тие даваа отчет пред својот партиски шеф Христијан Мицкоски, кој се докажа како шпицен градоначалник.
Нема нови проекти, а дури и оние проекти наследени од претходниците од СДСМ, намерно се одолговлекуваат или се прекинати.
Во време на светска економска и енергетска криза, наместо мерки за помош, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ парите ги трошат на непродуктивни трошоци, а преку директорите на јавните претпријатија удрија по џебот на граѓаните, зголемувајќи ги цените на комуналните услуги.
Јасно е дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ мислат единствено на личните и бизнис интереси и воопшто не се грижат за потребите на граѓаните.