fbpx

СДММ денеска во Пробиштип, под слоганот играме заедно „Млади и солидарни“ се одржа хуманитарниот турнир за поддршка на млади и деца со попреченост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска на повеќенаменското игралиште кај Спомен паркот „Братство и единство“ во Пробиштип се одржа регионалниот натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.

Младите од целиот Источен регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

На овој начин СДММ преку забава и игра, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост. Преку хуманитарен турнир во мал фудбал се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.

Овие натпревари продолжуваат и во наредните викенди каде во рамки на хуманитарниот турнир СДММ покажува вистинска грижа и солидарност со младите и децата со попреченост.

Утре, хуманитарниот турнир ќе се одржи во Крива Паланка каде ќе учествуваат екипи од Североисточниот регион.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, заедно да играме и да донираме, секој онолку колку може.

Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.

Последни вести