fbpx

Колева: Со таргетирани мерки им помагаме на граѓаните на кои им е најпотребна помош

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеничката на СДСМ Даниела Колева во емисијата „Објектив“ на МТВ истакна дека новиот пакет мерки за помош за граѓаните во време на криза е насочен кон граѓаните кои имаат најголема потреба од финансиски средства.

Со пакетот мерки се опфатени над 180.000 граѓани и тоа лицата со попреченост, невработените, приматели на гарантирана минимална помош, самохраните родители, пензионерите, истакна Колева.

Таа нагласи дека 4 месеци, по 3.000 денари ќе примаат лицата со попреченост.

Пензионерите со пензии до 11.525 денари 4 месеци ќе добиваат по 1.500 денари месеци, а пензионерите со пензии со 14.000 денари 4 месеци по 750 денари, плус нивните пензии, кои во текот на оваа година два пати се покачени со законското порамнување, рече Колева, додавајќи дека во март 330.000 пензионери ги очекува ново усогласување на пензиите.

Колева истакна дека и покрај тоа што има криза веќе две години, платите се покачуваат во континуитет, последно се зголемени платите во образованието, судството, МВР, инспекторатите, на вработените во градинките.

Со домашното производство на струја и планот што го има направено државата, електрична енергија ќе има за над 610.000 домаќинства, парно за 60.000 домови, нагласи Колева, додавајќи дека субвенционирани сметки за струја од 80 проценти имаат домаќинствата и над 72.000 мали компании, а на регулираниот пазар се вклучуваат образовните и здравствените институции.

Пратеничката Колева додаде дека се подготвува пакет за помош и поддршка, за субвенционирана електрична енергија за најголемите компании, кој треба да биде подготвен до крајот на овој месец, низ дијалог на владата со компаниите и стопанската комора.

Владата прави се што може да помогне со таргетирани мерки насочени таму каде што е најпотребно, на овој начин може најмногу да се помогне на граѓаните, порача пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

Последни вести