Соопштение за јавност
Ништо не функционира во градот Скопје, ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го доведоа градот пред колапс.
Граѓаните на Скопје гледаат како оние кои го создадоа проблемот со ЈСП, медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Арсовска, меѓусебно се обвинуваат а ништо не преземаат.
Скопјани не заслужуваат ваква несериозност, ваков однос, ваков циркус.
Долгот во ЈСП, за само 1 година е драстично зголемен. ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка го заглавија ова јавно претпријатија и јавниот превоз во Скопје го доведоа под прашање.
Тоа е единствена причина зошто денеска вработените во ЈСП немаат земено плата. Неспособност на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска.
Шпицниот градоначалник кој на партиска говорница најавуваше проекти за бесплатен превоз во Скопје каде е сега?
Мицкоски, кој шеташе на митинзи заедно со Арсовска, кој бараше поддршка од скопјани да не се крие.
Медарот Мицкоски и неговата Данела Арсовска да седнат, да почнат да работат и да го решат проблемот со ЈСП кој што тие го создадоа.
Скопјани не ги интересираат нивните кавги, ниту пак нивните измислени оправдувања.