fbpx

Шутаров: ЈСП доби 8,6 милиони евра а нема превоз, несподобните ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска создадоа хаос

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Советникот на СДСМ во советот на Градот Скопје, Гордан Шутаров, во говорот на вонредната сединица дека за само 1 година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во Скопје предизвикаа катастрофа, катализма во главниот град и скопјани ги оставија без јавен превоз.

„За прв пат во својата историја на Градот Скопје, граѓаните останаа без јавен превоз. Прв пат од независна Македонија па до денеска, пензионерите, средношколците, граѓаните да не можат да користат јавен превоз. Помина само 1 година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за да се случи ваква катаклизма со јавниот превоз. Најгневни од сите се скопјани и тоа со право“ рече Шутаров.

Советникот на СДСМ потсети дека во буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со ребалансот на 30.06.2022 година за ЈСП беа предвидени вкупно 530.000.000 денари или 8.6 милиони евра.

„Дури 8,6 милиони евра пари на граѓаните од Градот Скопје се наменија за ЈСП, за денеска граѓаните да не можат да ги користат услугите на ЈСП. Пари на граѓаните за денес граѓаните, пензионерите, студентите, средношколците да не можат да ги користат услугите на ЈСП и да не можат да отидат на работа,факултет,училиште или пазар.“ додаде Шутаров.

Владата има “НУЛА” долгови спрема ЈСП, тоа е груба лага, додаде Шутаров.

линк до видео: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02SNXjNHwrko9nKkRy6SWUpd5ZLNiq7WLLd9ATLzgxCrZrutJtggh5BC2Q9GA6VFnKl&id=1303801321

Последни вести