fbpx

Хуманитарниот турнир на СДММ ,,Млади и солидарни ” денеска во Скопје, се собираат средства за младите и децата со попреченост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемократската младина на Македонија денеска оддржа регионален натпревар во мал фудбал во салата ,,11 октомври” во Скопје.

Младите од скопскиот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

СДММ преку дружба и натпревар, со спортски активности реализира хуманитарна акција за поддршка на млади и деца со попреченост.

Преку ваквите хуманитарни турнири се собираат средства за Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.

Следниот турнир е веќе утре кога во Валандово ќе играат екипите од Југоисточниот регион.

СДММ ги поканува младите да се приклучат, да бидеме хумани, да се поддржуваме, да помагаме на оние на кои им треба помош.


Последни вести