Соопштение за јавност
-ВМРО ДПМНЕ се само за одбрана на криминалот и обнова на режимот, ништо друго не ги интересира. Затоа се против враќањето на парите кај граѓаните, против покачувањето на минималната плата, против социјалната помошт, против интензивното градење патишта, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на граѓанската трибина „На прав пат“ во Гевгелија.
Со месеци се мачеа никаде ги немаше, сега гледаме едвај на маалски средби излегле, ние преку лето тоа го правевме. Нема што да понудат освен обнова на режим и криминал.
Ние продолжуваме по прав пат. СДСМ продолжува да се менува, да креира нови политики во интерес на граѓаните, рече Николовски.