Соопштение за јавност
Конечно имаме право, ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите но и младите. Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Штип.
Претседарелот Заев истакана дека сега се отворени перспективи за сите нас, за нашите деца, за татковината, за граѓаните.
– Никој повеќе не не негира како земја, признаени сме од целиот свет.
Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината.
Возот тргна на шините, тој на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат! порача Заев.