fbpx

Мирчевски во Куманово: За две години државата тргна напред, имаме стабилна економија која нуди шанса за сите и еднаквост пред законот

Facebook
Twitter
LinkedIn
Соопштение за јавност
 
Членот на ЦО на СДСМ Пеце Мирчевски, придружуван од претседателот на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски, пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска и други членови на ОО СДСМ Куманово учествуваа на средба со граѓаните во населбата Тоде Мендол во Куманово.
 
Пред граѓаните, Мирчевски го потенцираше значењето на непосредните средби со граѓаните на кои се слуша гласот на народот, нивните идеи, потреби и предлози, а исто така се осврна на спроведените реформи кои носат подобар живот за сите.
 
За 2 години имплементираме реални и развојни реформи кои ги намалуваат трошоците а ги враќаат парите кај граѓаните. Економијата е силна е и конкурентна и нуди шанса за сите, имаме раст на извозот, во изминатиот период забележан е раст на Бруто домашниот производ од 3,1, а невработеноста е намалена на историски најниски 17,5 отсто – порача Мирчевски.
 
Мирчевски истакна дека после 11 години селективна правда и нарушен правен систем, денес Република Северна Македонија е правна држава и сите се еднакви пред законот.
Тимови на СДСМ и во наредниот период ќе бидат помеѓу граѓаните на маалски средби.
 
Граѓаните се и ќе останат приоритет за СДСМ.
 
Зборот важи!
Последни вести