Соопштение за јавност
Членот на ИО на СДСМ и градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов придружуван од градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски, претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров Мирослав Наумовск и пратеникот Костадин Ацевски попладнево учествуваше на маалска средба со граѓаните од населбата Ѓорче Петров.
Со граѓаните, Шилегов разговараше на повеќе теми а посебен осврт беше ставен на урбанизмот и унапредување на патната инфраструктура во Ѓорче Петров и Скопје.
– Во Ѓорче Петров во моментов се реконструираат две клучни сообраќајници, а тоа се улиците „Ѓорче Петров“ и „Борис Сарафов“. Во првата фаза од обновата на „Ѓорче Петров“ беше целосно обновен коловозот и поставена нова хоризонтална сообраќајна сигнализација. Во моментов се одвива втората фаза на оваа улица се до бензинската пумпа Макпетрол, во вкупна должина од 1.500 метри. Истовремено, забрзано се работи и на реконструкција на улицата „Борис Сарафов“ во вкупна должина од 1.700 метри. Покрај овие улици, Градот во оваа општина инвестира во бројни други проекти кои го подобруваат животот на граѓаните, истакна Шилегов.
Членот на ИО Шилегов, потсети дека во изминатиот период се реконструираа клучни сообраќајници во речиси сите скопски општини, градот се развива, сообраќајниците стануваат посигурни и побезбедни како за возачите, така и за велосипедистите и пешаците.
– Во периодот што следи продолжуваме со реализација на важни мерки кои ќе влијаат на развојот на Скопје и сите општини кои се дел од него. Градот ја презема мрежата за дистрибуција на топлинска енергија, се работи и на процесот на гасификација со цел што повеќе граѓани да добијат пристап до поевтино и еколошко загревање, заклучи Шилегов.
Непосредните средби со граѓаните преку кои ги слушаме нивните нивните потреби, барања, идеи и сугестии останува дел од редовното функционирање на СДСМ.
Градските и општинските власти предводени од СДСМ остануваат посветени на унапредување на условите за живот и обезбедуваат сигурни и безбедни сообраќајници.
Градиме по план и се грижиме за сите граѓани.