fbpx

Лукаревска: Успешните економски политики даваат реални резултати, платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Маалска средба, Сања Лукаревска, членка на ЦО, Велес

Членката на ЦО на СДСМ Сања Лукаревска заедно со претседателот на ОО СДСМ Велес, Стево Крстевски и градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски денеска учествуваше на маалска средба со граѓаните на Велес.

Пред присутнте Лукаревска истакна дека голем дел од мерките кои ги вети Владата предводена од СДСМ веќе се реализирани,  економијата се движи во нагорна линија а концептот Парите кај граѓаните е реален и дава позитивни резултати.

– Заклучно со 31 Август, скенирани се близу 15 милиони сметки, при што повратот од  15 отсто ДДВ е 125 милиони денари или над 2 милиони евра, пари кои завршуваат кај граѓаните, рече Лукаревска.

Мерката Мој ДДВ, рече Лукаревска, покрај тоа што ги враќа парите кај граѓаните и претставува доход плус во секое семејство, воедно претставува и борба против сивата економија и даночна евазија.

Показател за тоа е и зголемениот за 100 отсто број на пријави од граѓани  за неправилности во работењето како неиздавање на фискална сметка или немање фискален апарат.

Лукаревска се осврна и на другите мерки што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, како и растот на платите кој е континуиран.

– Платите во изминатите две години постојано растат и тоа се случува во сите сектори, вклучително и во приватниот.

Веќе од септемвриската плата, ќе следи покачување на платите за вработените во јавната администрација, културата, образованието, здравството, судството, градинкит и социјалната заштита.

Со новите мерки опфатени со ребалансот на Буџетот, се создваат услови за значителен раст на платите и во приватниот сектор, истакна Лукаревска.

СДСМ останува на страната на граѓаните и продолжува со непосредните средби со нив со цел да се  слушнат идеите, сугестиите и потребите на сите граѓани и креирање и имплементација на политики што овозможуваат подобар живот за сите.

Последни вести