Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски денеска повторно покажа дека е против порастот на платите во сите сектори, вклучително и во приватниот.
Научени само да грабаат, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да се помират со тоа што парите сега завршуваат кај граѓаните, а не во белиот дворец и кај тајкуните на режимот.
Без скапи кампањи, без рекламни роуд шоуа на што ВМРО-ДПМНЕ трошеше милиони евра, денес, реализирани и во фаза на реализација се 20 странски инвестиции во Индустриските зони и надвор од нив со проектирани над 4.800 вработувања.
Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија финансиска поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра.
Покрај инвестициите растат и платите, а позитивната економска клима резултираше со нови работни места и намалување на стапката на невработеност на рекордни 17,8 отсто. За две години реализирани се 49.552 вработувања, доминантно во приватниот сектор.
Преку бројни мерки како растот на социјалната помош, повратот на 15 отсто од ДДВ, зелената нафта, укинувањето на радиодифузната такса, намалување на сметките за парно, се повеќе завршуваат назад кај граѓаните
Тоа е концепт што е несфатлив за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се научени само на земање.
СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на безидејноста, одбраната на криминал и деструктивно однесување.
Затоа СДСМ води во анкетите, политиките за враќање на парите назад кај граѓание имаат најсилна поддршка.