Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска денеска беше во посета на Македонска Каменица и во рамки на посетата се сретна со менаџментот и работниците на рудникот САСА.
На состанокот рударите изразија големо задоволство што конечно се реши деценискиот проблем со бенефицираниот стаж за рударите.
Од оваа година со измена назаконот рударите цели осум години порано одат во пензија, барање старо 20 години кое ниедна влада претходно не се заложи да го реши.
Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Царовска по средабата изјави дека изминатиот период Владата работеше на унапредување на правата на рударите.
“Ветивме и го исполнивме долгогодишното барање за намалување на старосната граница за пензионирање на рударите коишто работат во подземен коп. Наместо на 58 години возраст, со законските измени тие во старосна пензија заминуваат на 50 години, односно со 40 години стаж за мажи и 35 години стаж за жени. Од почетокот на годината до сега по новиот закон во пензија заминаа 51 рудар од кои 43 се од САСА”, рече Царовска.
Царовска во рамки на посетата се сретна и со граѓаните на Каменица и разговараше за локланите проблеми но и за проектите кои се планираат во овој регион.
Таа истакна дека за повозрасните граѓани наскоро ќе започне градба на неколку старечки домови, но говореше и за реформите во социјалната заштита и инвестициите во градинки кои ги реализира министерството со кое таа раководи.