fbpx

Мицкоски блокираше 100 милиони евра, Ковачевски обезбеди 80 милиони помош од ЕУ, ете ја разликата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза.

Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра.

Причина за сопирањето е блокадата на законот за таа намена, од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и опструираат, СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони од ЕУ дирекна поддршка за енергетската криза.

Истовремено се обезбедени и 100 милиони долари од САД за Армијата, 530 милиони евра од ММФ, 50 милиони од Ерсте, 250 милиони од Дојче Банк.

Ова се средства за справување со енергетската криза и за поддршка, за антикризните мерки за ранливите и компаниите.

Разликата е јасна, СДСМ помага и се грижи за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмага на државата и на граѓаните.

Последни вести