Соопштение за јавност
За оваа една година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните секојдневно гледаат кавги за провизии и тендери, масовна партизација и расипничко трошење на народните пари, но не видоа нови капитални проекте, решенија, ниту пак помош во време на криза.
Ова се потврди и на панаѓурот во организација на ВМРО-ДПМНЕ каде градоначалниците наместо на граѓаните му реферираа на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
Најголем проект на локалната власт на шпицниот градоначалник Мицкоски е скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица.
Мицкоски претходно јавно соопошти дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика.
Денес автобусите и фабриката никаде ги нема, нема бесплатен превоз, но има заглавени и нефункционални јавни претпријатија, долгови и хаос.
Ги нема ни помпезно најавуваните проекти во програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, но затоа има неработење и расипничко трошење на народните пари
Со панаѓурот уште еднаш се потврди дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и дека нивните градоначалници се најнеспособните градоначалници.