Соопштение за јавност
Погубните политики кои ги водеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години целосно го уништија земјоделството и го погазија достоинството на земјоделецот.
Вистинско лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ денес да зборуваат за земјоделството, а претходно, 11 години го игнорираа земјоделскиот сектор и немаа никаков слух за потребите на земјоделците.
Времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено како време на уцени, закани и притисоци кон земјоделците , неисплатени субвенции и наталожени долгови.
Токму ВМРО-ДПМНЕ во своето заминување од власт остави заостанати долгови кои требаше да ги исплати за 2013, 2014 и 2015 година.
Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство во делот на исплатата на субвенциите, од јуни 2017 досега исплати околу 305 милиони евра не само за тековните програми туку и за заостанатите обврски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според последните официјални податоци, минатата година е забележан значителен пораст на извозот на клучните извозно-ориентирани земјоделски производи и на откупните цени на сезонското овошје и зеленчук.
За 19 отсто е зголемена вредноста на извезени краставици и корнишони, за 18% за разлика од 2017 година. Во јули оваа година откупната цена на краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со истиот период 2013 година зголемувањето е за 240 отсто.
За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот во јули годинава споредено со истиот период лани или за 143 отсто споредено со јули 2015 година.
Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од 23 отсто.
Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата.
Денес, трудот на земјоделецот се цени и вреднува, расте побарувачката за македонските земјоделски производи, не само на домашниот туку и на странскиот пазар.
Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати и обезбедуваат повеќе пари кај земјоделците.