Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со пласирање на лажни вести и измислици во очајни обиди да го одбрани криминалот во сопоствените редови.
Секојдневно од опозициската партија покажуваат дека не научиле ништо од грешките што ги правеа за време на децениското криминално владеење.
Во белиот дворец повторно сакаат да им диктираат на судиите, на обвинителите, на полицијата.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференции да им диктира на правосудните органи кого и како да повикаат на распит. Тоа време заврши со нивното заминување во опозиција.
Денес, Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднкаво и секој за кој ќе се докаже дека постпаувал незаконски одговара.
Неуспешни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагатa за да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.
Надлежните институции да ја збрзаат истрагата и да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност