Соопштение за јавност
СДСМ како одговорна партија која силно се бори за слобода на медиумите и почитување на професионалните стандарди на известување ја осудува постапката на Телевизија Алфа која имаше за цел да го навреди нашиот сосед и партнер, Република Србија, како и Владата.
Недостојно и срамно е електронски медиум, преку контактна емисија да се служи со срамни дисквалификации.
Со своето денешно однесување, Телевизија Алфа постапи непрофесионално и манипулативно, директно против добрососедските односи со Република Србија кои со децении се градат меѓу двете држави.
На крајно неодговорен налин, телевизија Алфа самата се стави во групата на медиуми кои за единствена цел имаат ширење лажни вести и манипулации преку кои се обидуваат да им наштетат на граѓаните и државата.
Олигледно телевизија Алфа е дел од медиумите кои работат под диктат на Никола Груевски и кои се ставени во одбрана на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ги повикуваме сите новинарски здруженија и сите граѓански организации кои се бават со прашања од областа на медиумите, да го осудат ваквиот чин на Телевизија Алфа кој е спротивен на демократските вредности и новинарските кодекси.
Во духот на универзалните вредности, апелираме до сите медиуми да останат доследни на принципите за објективно и професионално инвормирање согласно новинарските стандарди.