Врз основа на член 68 од Статутот на СДСМ и член 5 став 2, а во врска со 18 од Правилникот за организација и начин на функционирање на Форумот на жени на СДСМ и Одлуката за распишување на избори на координаторки на општинските форуми на жени на СДСМ, како и Упатството и роковникот за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор на координаторки на општинските форуми на жени на СДСМ, усвоени на втората седница на Извршниот одбор на Централниот одбор на СДСМ одржана на 22.08.2019 година, се објавува
Оглас за самокандидирање на координаторки на општинските форуми на жени на СДСМ
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинтересирани членки на општинските организации на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да поднесат кандидатура за координаторка на општинските форуми на жени на СДСМ, а притоа да ги исполнуваат критериумите од Упатството за постапката, начинот и критериумите за самокандидирање и избор на координаторки на општинските форуми на жени на СДСМ:
• Да уживаат висок авторитет, углед и доверба во нивната средина;
• Да бидат членки на СДСМ во моментот на поднесувањето на кандидатурата;
• Да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските определби на СДСМ;
• Да имаат јасна визија за идниот развој и делување на Форумот на жени на СДСМ на локално ниво, да поседуваат силни политички и организациски способности, да бидат подготвени за воведување современи методи и технологии за работа, да поседуваат вештини за јавен настап;
• Да се однесуваат со почит и толеранција кон партиските колеги.
Заинтересираните кандидатки своите предлог-програми за работа и биографија треба да ги достават најдоцна до 09.09.2019 година до Координаторката на Форумот на жени на СДСМ, во седиштето на Партијата на ул.„Павел Шатев“ бр.8 Скопје.
Дополнителни информации и обрасци за постапката (стандардизирана биографија и насоки за програма за работа, пријава за самокандидирање и Упатство и роковник за постапката) се објавени на огласна табла во општинските организации на СДСМ и веб-страната на СДСМ – www.sdsm.org.mk.
Упатство и роковник за постапката
Социјалдемократски сојуз на Македонија