fbpx

ВМРО-ДПМНЕ го уништи земјоделството, денес преку аграрните реформи имаме раст на откупот, навремени и неселективни субвенции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ  11 години го уништуваше земјоделството во земјава, а земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на тогашната власт.

Очигледно е дека  ВМРО-ДПМНЕ неможе да се помири со фактот дека аграрните реформи кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се реални и земјоделците конечно имаат придобивки од својот труд , а не зијан како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ може само да  гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Официјалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ.

Денес, субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.

Бележиме пораст на откупните цени на голем број земјоделски производи.

Имаме раст на  цената кај лубеницата од 89,1 отсто, а споредено со 2015 година, за 116 отсто.

Откупната цена на белото грозје во 2016 година била 30 денари за килограм, а оваа година 50 денари, значи раст од 67 отсто.

Кај сливите, откупната цена е зголемена за 18,8 отсто или за 23 отсто споредено со јули 2016 година.

Раст на откупните цени се забележува и кај зеленчукиот и тоа кај краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со 2013 година за 240 отсто.

За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот или за 143 отсто споредено со јули 2015 година,а за 31 отсто расте откупната цена на пиперката и оризот за 8,7 отсто.  

Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од  23 отсто.

Денес, немаме интервентни мерки како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ ,затоа што денес се следи реалната состојбата во земјоделството.

Владата предводена од СДСМ посветува големо внимание на земјоделството бидејќи тоа е еден од носечките столбови на македонската економија, затоа се става  посебен акцент на развојните мерки и проекти, но и нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка.

 

Последни вести