fbpx

Цветков: СДСМ продолжува по трасираната делница која води кон сигурна иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во името на СДСМ, собрани сме вечерва овде за јасно и гласно во бастионот на СДСМ, да им кажеме на сите: „Силно и одлучно кон иднината“ и тоа а важи за сите, само не важи за Христијан Мицкоски и неговите пулени кои од иднината бегаат, а за нив единствено мото би било: „силно и одлучно кон минатото“, оти за друго и не знаат, порача од трибината во Струмица претседателот на ОО на СДСМ Струмица Борче Цветков.

Цветков нагласи дека СДСМ со своите државотворни политики, продолжува по трасираниот пат кој води кон сигурна иднина.

– Така и доликува на една државотворна, одговорна, сериозна и визионерска партија, каква што е СДСМ, рече Цветков, додавајќи дека по членството на земјата во НАТО, владините политики продолжија да нижат успеси на сите можни полиња од општественото живеење, кои граѓаните ги прават спокојни, сигурни и охрабрени.

Цветков меѓу успесите на СДСМ ги наведе сигурниот од кон Европската Унија, влезот на голема врата на македонскиот јазик во европските институции, цврстиот опстој на браникот на македонскиот идентитет, одличната меѓународна политика, 36-то место на листата на најбезбедни земји во светот, бројните мерки за помош на граѓаните и стопанството во услови на криза, континуираниот раст на платите и пензиите, одличната социјална политика, низата ангажмани за прогрес во енергетиката, стопанството, земјоделството, образованието, здравството, културата.

Последни вести