fbpx

Костадинов: СДСМ реализира важни капитални проекти во Струмица и обезбедува европска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Локалната и централна власт предводени од СДСМ на дело покажуваат што знали вистинска грижа за општините, за граѓаните и државата, порача вечерва членот на Извршниот одбор и градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов во своето обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“

Симбиозата помеѓу Општина Струмица и централната власт функционира и дава резултат, таквата соработка обезбедува реализација на многу важни проекти како детски градинки, фекална и атмосферска канализација и изградба на социјална населба, како најкапитален проект во општина Струмица. 40 отсто од предизборната програма што ја дадовме пред граѓаните е веќе реализирана или е во фаза на реализација“ порача Костадинов и најави изградба на сопствена фотоволтаична електрана во сопственост на Општина Струмица, со што оваа општина ќе биде целосно енегретски независна.

Костадинов посочи дека граѓаните многу добро препознаваат кој навистина носи прогрес а кој носи уназадување на општините и државата.

„Граѓаните препознаваат дека СДСМ со Димитар Ковачевски е посветен силно и одлучно кон иднината. Знаат кој е вистинскиот избор. Вистинскиот избор е интеграција во ЕУ, вистинскиот избор е СДСМ, обединет и сплотен и само на тој начин, нема да дозволиме мрачните сили на минатото, да затропаат пред вратите на иднината“ порача Костадинов.

Последни вести