fbpx

Ковачевски: За земјоделците годинава обезбедивме рекордни износи за поддршка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Струмица и струмичкото поле се синоним за македонското домашно земјоделство, на раноградинарските производи кои ги красат трпезите не само во нашата држава туку и низ целиот регион, струмичкиот бостан, вкусните струмички домати, пиперката од која се прави највкусниот ајвар се далеку прочуени македонски брендови, порача вечерва претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“

„Светската криза што ја живееме оваа година покажа колку е важно домашното земјоделско производство. За оваа година обезбедивме рекордни износи на финансиска поддршка за земјоделството. Во најкризната година сите заостанати субвенции кон земјоделците кои датираат и од 2015 година ги исплативме и тоа во вкупен износ од две и пол милијарди денари.

Ние, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ решивме да вложуваме во работниот македонски народ, кој со својата мака и својата пот чесно го заработува своето парче леб.

Го максимилизираме домашното земјоделско производство ставајќи ги на располагање секој хектар обработлива македонска земја, им помагаме на младите земјоделци и руралните жени.

Од следната година воведуваме и нов модел на субвенции за уште поефикасна и понавремена поддршка за земјоделците, за парите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни“ посочи Ковачевски.

Последни вести