fbpx

Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн“

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Соопштение за јавност 

 

Дали треба притвор и кој ќе сноси одговороност не е тема на која Јанушев одлучува, за тоа си има надлежни институции.

 

Игор Јанушев од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластувања во предмет од СЈО „Дизајн“ и токму тоа е показател за вистинските намери на оваа очајна партија која се плаши од правдата.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат единствена агенда на политичко делување: преку конструкции да ја урнат правната држава, да ги загрозат реформите и напредокот во интеграциите.

 

Лицата кои се на снимките се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, лицата како Орце Камчев, Зоран Кичеец, но и други за кои се водат истраги, исто како и лицата кои ги објавуваат материјалите.

 

Нема да успеат обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку претставување на тајкуните и криминалците како жртви, да ја оддалечат државата од влез во НАТО и започнување преговри со ЕУ. 

 

Очајните обиди на ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, отворените постпаки против раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да пропаднат како што сонува Мицкоски.

 

Напротив, сите отворени предмети мора да се расчистат до крај. Сите предмети како: Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство во Центар, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија, Базни Станици, Подарок и еден куп други мора да добијат правен епилог, а оние кај кои ќе се утвурди вина, да сносат одговорност.

 

Тоа важи и за актуелниот случај кој треба брзо да се разреши и секој, од прв до последен, кој е поврзан мора да одговара, вклучително и тајкуните на режимот.

Последни вести