Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Христијан Мицкоски е единствен политичар во светот што се фали дека успеал да блокира закони важни за граѓаните.
„Многу убаво“ така Мицкоски по сопствено кажување се чувствувал денес откако преку своите пратеници успеа да блокира помош од 100 милиони евра за АД ЕСМ во време на светска енергетска криза.
Ширејќи лажни вести и шпекулации, Мицкоски вечерва уште еднаш покажа дека воопшто не му е гајле за државата и за граѓаните, туку единствено се грижи за личните интереси.
Мицкоски нека се воздржи од давање предлог решенија поврзани со енергетската криза, се што тој кажа и предвиде во енергетиката на крајот испадна погрешно и спротивно од неговите предлог решенија.
Со ваков однос кон сопствената дрѓава, кон сопствените граѓани, Мицкоски може да очекува само убедлив пораз на редовните парламентарни избори во 2024 година.
Големи се штетите што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги нанесуваат врз државата, но нема да успеат да го спречат развојот и напредокот на патот кон полноправно членство во ЕУ.