Најава, Граѓанска трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ – Гевгелија
Почитувани,
Ве известуваме дека денеска 11.11.2022 (петок) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:
– Дојран, говорник: Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
– Валандово, говорници: Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ и Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ
– Богданци, говорник: Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ
Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Гевгелија – Народен Театар во 20.00 часот.
Пренос во живо во висока резолуција ќе биде обезбеден на официјалниот канал на СДСМ( https://www.youtube.com/user/SDSMtube), на Фејсбук страната на СДСМ (https://www.facebook.com/SDSMakedonija/) како и на Фејсбук страната на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски(https://www.facebook.com/Dimitar.Kovachevski)
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи трибината.